ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започнаа градежните работи за Универзитетот „Мајка Тереза“

„Тука има влез, но планот ни е влезот да биде од амбасадата, а на чело да биде влезот на универзитетот, инаку овде ќе бидат елиминирани пет објекти, со околу 30 кубни метри земја, бетон и друг отпад“, рече Изет Зеќири, ректор на УМТ.

По подолг период почна да се работи на изградбата на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Воената касарна „Илинден“ во Скопје. За време на почетокот на работите, ректорот на универзитетот Изет Зеќири, ги презентираше просторите пред академскиот кадар и студентите. Зеќири рече дека во рок од неколку месеци ќе заврши реконструкцијата на три објекти кои беа сопственост на воената касарна, додека по Нова Година ќе треба да започне и изградбата на нов објект.

„Просторот е 50 илјади м2. Има два објекта по 3.000 м2, има уште еден објект од 1.000 м2 и уште еден објект со близу 30 канцеларии. Има некои предмети овде што треба да се елиминираат. Како универзитет ќе продолжиме со реконструкциите, со работата на овој објект, бидејќи сите проекти се завршени. Го чекаме почетокот на реконструкцијата, а доколку сè оди според планот што го имаме, до крајот на месецот ќе започнеме со реконструкција на објектот зад нас кој има простор од 3.000 м2“, вели ректорот Зеќири.

Зеќири вели дека паралелно ќе одат реконструкцијата и подготовката за изградба на новиот објект, за кој е планиран буџет од околу 250 милиони денари од капиталните инвестиции. За новиот објект ќе има дополнителен буџет. Универзитетот „Мајка Тереза“ е основан во декември 2015 година. Во него актуелно работат пет факултети.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button