ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: За позитивен извештај од УНЕСКО, треба ангажман и од локалните власти

Премиерот Димитар Ковачевски, не е сигурен дали Охридскиот регион наредната година би го задржал статусот кој што го има како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО, по критиките на невладиниот сектор дека локалната и централната власт не презеле мерки за да го исполнат даденото ветување кон УНЕСКО.

„Доколку сакаме да имаме позитивен извештај од страна на УНЕСКО, тогаш тоа е обврска не само на Владата, туку тоа е обврска и на Владата и на трите општини,Охрид, Струга и Дебрца за да имаме правилно адресирање на овие три проблеми.Јас во рамки на моите надлежности заедно со колегите го даваме својот максимум“, рече Ковачевски.

Од невладината Охрид – СОС обвинуваат дека институциите го одолговекуваат носењето на нов закон кој треба да ги запре незаконските активности и довоградби.

„Од август 2021 институциите го повампирија стариот Закон за постапување со бесправно изградените објекти, кој, не содржи никакви клаузули кои ќе гарантираат заштита на светското наследство;
дозволува легализација во 50 м крајбрежје; може да се легализираат времени објекти.Новиот закон (кој треба да биде построг), не се донесува.Општините си тераат по старо. Во Национален парк Галичица непречено се одвиваат незаконски активности“, велат од Охрид СОС.

Револт кај граѓаните предизвикува и игнорантскиот однос на локалната власт во Струга. Додека во Охрид ниту еден од објектите на плажите веќе две години не работи, во Струга тие функционираат и покрај покрај истечените концесии за работа.

„Не постои никаква разлика во третманот на Охрид, Струга, Дебарца или било кој друг град од страна на Владата, во однос на спроведување на законите. Постојат и инспекциски органи и други институции кои тоа треба да го санкционираат. Тие треба да бидат ефикасни, да не седат по канцеларии по цел ден да пијат кафиња туку да излезат на терен и да си ја вршат својата работа“, вели премиерот Ковачевски.

Според Охрид СОС само во 2021 година о Охрид в биле евидентирани 70, а во Струга 34 дивоградби.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button