ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Вечерва по трет пат е оштет бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид
Вечерва по трет пат е оштет бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид

Вечерва по трет пат е оштет бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид, но овој пат со помош на оружје.
Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението лоцирана на Бул.М.Просветители во ТЦ Амам во Охрид.
Полициски екипи при СВР Охрид излегле на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.
За настанот известен е Јавен Обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настан./Alsat.mk