Односите меѓу Русија и ЕУ продолжуваат да се деградираат, но не по вина на Москва, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, обраќајќи им се на учесниците на форумот „Средби во Потсдам“, што се одржува во форма на видео конференција.
„Во последните години односите меѓу Русија и ЕУ продолжија да се деградираат. И не по наша вина. За жал, колегите од ЕУ сакаат да обезбедат еднострана предност на штета на другите – тие направија многу кратковид избор во корист на архаична геополитичка игра со нула резултат, во корист на создавање нови линии на поделба“, рече Лавров.