СПОРТФОРМУЛА - 1

Кој е подобар Шумахер или Хамилтон? За Фетел нема дилеми

Со победата во Турција, Луис Хамилтон дефинитивно ја освои седмата титула шампион во Формула 1, а меѓу првите што му честиташе беше возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој освои четири шампионски титули како член на Ред Бул. Германецот откри што му рече на Британецот веднаш по трката, но и кој е најголемиот возач на сите времиња за него.

– Му реков дека сето ова е многу посебно за нас, бидејќи бевме сведоци на историски успех – рече Фетел и коментираше дали смета дека Хамилтон е најдобриот возач на сите времиња. – Тој мора да биде најдобриот во нашата ера. Секогаш е тешко да се споредат различни времиња, скоро невозможно. Можеби не би постигнале ништо во друга ера, можеби постарите возачи денес не би можеле да постигнат ништо во овие автомобили. Но, тоа не е важно. Секоја ера има возач кој се истакнува, а Луис тоа го направи во нашата“, рече Фетел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button