ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заврши мандатот на судијата Вангелина Маркудова, Уставен остана со 6 судии од предвидени 9

Уставниот суд од денеска работи со шест од предвидени девет судии поради завршување на мандатот на судијката Вангелина Маркудова.

Advertisements

Последната седница на којашто присуствуваше судијката Маркудова, како што информираат од Судот, се одржа во средата на 7 декември и тогаш завршија нејзините работни обврски во Уставниот суд. Последна иницијатива по којшто Маркудова работеше и ја реферираше на седницата е за Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и по овој предмет Уставниот суд поведе постапка, односно изрази сомнеж во уставноста на членот 22 кој им овозможува на разрешените функционери или оние кои сами си дале оставка да земаат плата (апанажа) и по завршувањето на мандатот.

По повод пензионирањето на судијката Маркудова ,Уставниот суд приреди пригодна свеченост во рамки на којашто судиите и вработените се заблагодарија за нејзиниот придонес и активно учество во работата на Уставниот суд.

-И благодарам на колешката Маркудова затоа што даде пример што значи да се биде професионален судија без дамка и афера во нејзината правосудна кариера, посветен работник кој сите овие години обврските ги завршуваше дисциплинирано во работно време без да пропушти ден на работа и особено ми е драго што до крајот на својот работен век остана мирољубива и толерантна личност од која многумина може да учат, кажа претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button