ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Наскоро ќе се знае дали струјата ќе поскапе од 1 јануари

Тендерите за покривање на загубите со електрична енергија на МЕПСО и ЕСМ ќе завршат за десетина дена, доколку понудите се високи, тогаш владата би требало да дава многу пониска цена, слична на моменталната. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, додава дека една од главните критериуми за тоа во која насока ќе се движи цената на струјата за домаќинствата е каква понуда ќе даде државната ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум. Регулаторот уверува дека државните електрани 100 отсто ги задоволуваат потребите на домаќинствата, а се она што е увоз е наменето за слободниот пазар и нема да влијае врз цената од први јануари.

Advertisements

„Доколку МЕПСО и Електродистрибуција своите загуби на електрична енергија ги набавуваа на слободниот пазар на електрична енергија, како што се прави од први јануари 2012 година, тогаш нивните вкупни трошоци на двете компании, тогаш на годишно ниво нивните вкупни трошоци би биле повисоки за околу 300 милиони евра. За да не падне ова на товар на државата ЕСМ по налог од владата превзема обврска да ги обезбедува овие количини по многу пониски цени од пазарните“, рече Бислимовски.

До Нова година цената по која државата ја продава струјата на ЕВН за граѓаните изнесува 48 евра за мегават час. А, пак, денеска на берзите електричната енергија се продава за речиси 10 пати по повисока цена, односно за над 400 евра. За фирмите, институциите и општините кои од слободен се префрлија на регулиран пазар ќе има посебни контроли дали ги орефрлиле броила за да не ја злоупотребуваат струјата на домаќинствата. Во завршна фаза се и блок тарифите за компаниите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button