ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апелација ja укина пресудата за масовното прислушување

Апелација ja укина пресудата за масовното прислушување

Апелациониот суд го враќа на повторно судење случајот „Таргет-Тврдина“ во кој поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор за масовно прислушување. Заедно со Мијалков на 4 години затвор беше осудена и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а по 15 години затвор добија поранешниот полициски функционери Горан Грујовски и  Никола Бошковски. Во образложението на второстепениот суд се наведува дека одлуката е донесена бидејќи утврдиле суштествени повреди на Законот за кривична постапка.

Advertisements

„Апелациониот суд ја отфрли првостепената одлука и предметот го враќа во постапка и судење. Претставката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е неоснована. Апелациониот суд при преиспитувањето утврди дека Основниот суд во текот на постапката по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка“, велат од Апелационен суд.

На почетокот на 2025 година застарува обвинението за масовното прислушување кое може да го спаси Мијалков и другите поранешни функционери во МВР од затворска казна. Во случај две години да не се донесе нова одлука во Основниот суд, Мијалков, Јанкуловска, Грујевски и Бошковски ќе поминат без никкава казна за  масовното прислушување. Поранешниот шеф на тајната полиција во случајот „Таргет-Тврдина“ се гонеше за три кривични дела со кои беше осуден на 12 години ефективна затворска казна и тоа: „злоупотреба на службена должност“, „соработка во криминално дело“ и „противзаконска награда“. Пред две недели, поточно на 25 ноември, Апелациониот суд го врати на повторно судење и предметот „Трезор“ во кој Мијалков беше осуден на 8 години затвор. Заедно со Мијалков во случајот „Трезор“ осудени се неговиот поранешен шеф на кабинет додека беше директор на УБК, Тони Јакимовски, поранешниот помошник министер Небојша Стајковиќ и поранешниот директор на петтата управа Горан Грујевски./Alsat.mk

Адријан Керими

 

.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button