РЕГИОН

Протест пред српската амбасада во Тирана

Протест пред српската амбасада во Тирана

Под мотото „Против шовинистичката политика”, беше одржан протест пред српската амбасада во Тирана.

Протестот следува по објавената одлука на Специјалниот суд во Хаг со која поранешниот командант на ОВК Салих Мустафа е осуден на 26 години затвор поради убиства и тортура.

-Учесниците меѓу кои и потпретседателот на Партијата движење за легалитет освен за судската одлука изјавија дека протестираат и против тензиите на северот на Косово и барањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за враќање на српски војници на северот на Косово, јавија медиумите во Тирана.

На дел од транспарентите пишуваше „ние сме едно” и „Автохтони”./1on.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button