ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Буџетот за култура  во висина од 61,6 милиони евра

Буџетот за култура  во висина од 61,6 милиони евра

Во предложениот буџет за култура за 2023 година, кој изнесува 61,6 милиони евра, приоритет е даден на реконструкција на музеи, монументални објекти и спомен-обележја за заштита на културното наследство. За капитални расходи во предлог-буџетот се предвидени 6,4 милиони евра. Министерката за култура рече дека се зголемени и средствата за општински услуги за културните институции, блок дотациите и капиталните субвенции за општините, од 1 на 20 милиони денари.

Advertisements

Таа потсети дека според колективните договори со новиот предлог за плата ќе имаат 1 милион евра повеќе.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека 12,5 милиони евра од буџетот ќе бидат наменети за електрична енергија и комунални услуги на националните културни установи. Според нашите пресметки, околу 20% од вкупниот буџет за култура ќе се троши само за сметки за струја, вода и отпад. Но, Ковачевски рече дека има и средства за капитални инвестиции.

На годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година, во електронска форма беа поднесени 3.355 апликации. За да се избегнат злоупотребите, беше водведен „е-сервис“ а досиејата ќе ги разгледуваат надлежни комисии./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button