ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иселенциите ќе ги поминат празниците дома

Иселенциите ќе ги поминат празниците дома

На крајот на годината, печалбарите веќе почнаа да се враќаат  во родниот крај. Но, повеќето од нив се очекува да тргнат вечерва, бидејќи во поголем дел од светот утре почнуваат празниците.

Збележливо беше присуството на возила со странски регистарски таблички, додека иселениците што ги сретнавме по улиците на главниот град велат дека секогаш се чувствуваат како дома кога ќе дојдат овде.

„Кажете ни кога дојдовте, колку долго сакате да останете, како ви е овде?
Добро, како дома..
Колку често доаѓате овде, каде живеете надвор?
Јас сум во Италија, одамна“, рече еден печалбар.

Граѓаните очекуваат од утре да пристигнат и нивните пријатели иселеници и членови на семејството.

„ Син од брат ми, утре ќе пристигне, Бог нека им е на помош по пат, бидејќи се се  случува по патиштава. Со радост ги чекаме, Господ да ги  благослови сите”, изјави еден граѓанин.

Некои претпочитаат да доаѓаат со автомобил, други со автобус или авион, но ретко кој се одлучува да патува со авиони, бидејќи, како што велат од туристичките агенции, цените на авионските билети во овој период од годината се многу високи.

„Веќе почнаа да пристигнуваат, бидејќи ОДМОРИТЕ  почнуваат кантонски, односно по делови од градовите, некои порано, некои подоцна. Точната бројка не е позната, бидејќи не можат сите што доаѓаат на одмор да резервираат кај нас, имаме понуди и за нова година, а има и други аранжмани. Повеќето доаѓаат со автобуси и авиони, со авион билетите се малку скапи бидејќи е зимска сезона. Со билетите претераа, цените на авионските билети поскапеа“, рече Лиридона Алиу Ислами, Туристичка агенција.

Од туристичките агенции велат дека и нашите граѓани се заинтересирани  новогодишните празници да ги поминат во странство, но поголем е бројот на иселеници кои доаѓаат во родниот крај./Alsat.mk

 

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button