ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Индивидуалните ставови се индивидуална одговорност. Ова го вели техничкиот премиер Талат Џафери, коментирајќи ги постапките на експонентите на ДУИ кои јавно на социјалните мрежи повикаа да не се гласа за претседател на изборите на 8 мај. Коментирајќи ги постапките на вицепремиерот Артан Груби, Џафери рече дека не ја претставува ниту партијата, ниту Владата, туку има индивидуална одговорност за преземените активности. Официјално, според него, партијата нема заземено став за бојкотот, но повика граѓаните да гласаат според своето убедување.

„Груби не е ниту влада, ниту партија. Имав изјави како премиер од моето гласачко место и како што видовте, гласав и ги земав двете гласачки ливчиња. Индивидуалната позиција не е генерална позиција од која може да се направи констатација“, рече Талат Џафери, технички премиер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button