ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заедничка изјава на ЕУ до победниците: Да се спроведат преостанатите обврски за отворање на првиот кластер

Заедничка изјава на ЕУ до победниците: Да се спроведат преостанатите обврски за отворање на првиот кластер

Високиот претставник на Европската Унија Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, им честитаа на победниците на претседателските и парламентарните избори во Македонија, и ги повикаа да го продолжат патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија.

„Северна Македонија направи решителни чекори во процесот на пристапување во ЕУ, и сега ќе биде важно да се спроведат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување“, се вели во Заедничка изјава на официјалните претставници на ЕУ.

Борел и Вархеји, исто така, ги повикаа политичките актери да продолжат со спроведувањето на реформите, со посебен акцент на борбата против корупцијата.

„Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање стабилно Собрание и Влада. Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Северна Македонија кон ЕУ, вклучително и спроведувањето на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во Заедничка изјава на официјалните претставници на ЕУ.

Во однос на изборниот процес, Борел и Вархеј во заедничката изјава потенцираат дека бил уреден и демократски. Сепак, тие ја критикуваа правната рамка, која, според нив, е спротивна на меѓународните стандарди во однос на еднаков пристап на учесниците на изборите. Тие го критикуваа и начинот на усвојување на Изборниот законик./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button