ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Заев: Најдоцна до утре вечер владата ќе прогласи кризна состојба

Кризната состојба ќе биде прогласена најдоцна до утре вечер, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со претседателот Стево Пендаровски, по завршувањето на состанокот на Кризниот штаб.
„Најдоцна утре вечер ќе ја одржиме седницата на владата. Ако бидат подготвени сите институции, во делот на правно-формалниот аспект, ние сме подготвени вечерва тоа да го направиме, но најдоцна утре вечер сум убеден дека ќе стигнеме да прогласиме 30 дена кризна состојба“, рече Заев.