ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Предлог до Владата за кризна состојба на целата територија на државата

Советот за безбедност ќе ѝ предложи на владата да воведе кризна состојба на целата територија во траење од 30 дена, рече претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност.

„Откако на целата територија ќе биде декларирано кризна состојба, законот за одбрана и законот за управување со кризи даваат многу пошироки можности за поддршка на надлежните институции од страна на армијата“, рече Пендаровски.

Тој појасни дека воведувањето на кризната состојба нема никаква врска со полициски час и евентуално воведување на рестрикции на движењето.

„Тоа е во надлеќност, прво на Комисијата за заразни болести, потоа на Централниот кризен штаб и се разбира на Владата, ако процени дека е неопходно“, додаде Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button