ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 25 ноември

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува на 25 ноември, откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази.

Судијката Софче Гаврилова Ефремовска рече дека имајќи ја предвид здравствената состојба на првообвинетиот Бојан Јовановски денешното рочиште завршува и побара да и биде доставена медицинска документација за неговата здравствена состојба.

Во текот на судењето Јовановски, пред судот се пожали дека од специјалист му е наложено во следниот месец да биде на строга терапија и во легната состојба, како и дека не може да го следи изведувањето на доказите.

Првообвинетиот Бојан Јовановски, на почетокот, побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради како што рече, пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“. Судијката, рече дека, барањето ќе биде проследено до претседателот на Судот, по што рочиштето продолжи со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button