ВЕСТИРЕГИОН

Физичка пресметка во косовското Собрание

Физички пресметка  меѓу пратениците на ДСК и Самоопределување за време на дебатата за исчезнати лица. Пратениците на Движењето Самоопределување ја обвинија Владата на Косово дека го оштетила овој процес со обврските кои ги презела со договорот од 4 септември во Вашингтон каде исчезнатите се изедначуваат со раселените.

Advertisements

“Зошто да се засрамам, не ми го споменувај семејството господине, затоа што немаш право, немаш право да зборуваш за моето семејство, седи мирен”, рече Саранда Богујевци, пратеничка на Самоопределување.

„Седни и не ја прекинувајте пратеничката. Седи и не викај, не зборувај залудно, има право со деловник, добро удри по маса и ти ако сакаш, но не зборувајте глупости”, реагираше Арберие Нагавци, потпретседател на Собранието.

Претходно, премиерот на Косово Авдула Хоти рече дека процесот на пронаоѓање на постмртните  останки имал многу поголема динамика.

„Верувам дека прашањето за исчезнати лица не треба да се политизира. Со договор како оној во Вашингтон, решението за исчезнатите лица се очекува да се забрза, како што видовте неодамна, процесот на пронаоѓање на посмртните останки имаше многу поголема динамика во Косово, но и во Србија во моментов се прават ископувања за да се откријат“, рече премиерот Хоти.

Богујевци презентираше две точки од резолуцијата, за што побара поддршка од пратениците. Оваа резолуција наведува дека Собранието на Република Косово прашањето за исчезнати лица нема да го  поврзува или условува со кое било друго прашање. Владата на Косово мора да инсистира на решавање на прашањето за исчезнати лица во целосна согласност со меѓународните стандарди и механизми. Собранието на Република Косово бара од Владата на Косово да не се согласи да разговара со кој било функционер од Србија без да  обезбеди информација за локацијата на сите лица кои не се пронајдени за време на војната.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button