ЕКОНОМИЈА
Ковачевски: Фирмите ќе немаат проблем да дадат повисока минимална плата

Законски утврдениот раст на минималната плата нема негативно да влијае врз финансиската состојба на приватниот сектор. Ова го тврди премиерот Димитар Ковачевски кој напомена дека компаниите работат продуктивно, треба да им ги зголемат минималните плати на работниците. Според Законот за минимална плата, во март минималецот, кој сега изнесува 18.000 денари, треба да се покачи на нешто над 20 илјади денари, согласно зголемувањето на трошоците на живот и на растот на просечната плата во Македонија.
„Сметам дека без проблеми стопанството ќе може да го вклучи во своите ценовни калкулации зголемувањето на минималната плата“, рече Ковачевски.