Османи: Кој ќе го навреди македонскиот народ во Скопје, ќе му биде последно доаѓање
Османи: Кој ќе го навреди македонскиот народ во Скопје, ќе му биде последно доаѓање

Министерот за надворешни работи Османи и неговиот бугарски колега Милков во Софија го посетија секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, кој беше нападнат од негов сограѓанин. Османи порача дека насилството мора да престане, а насилниците да се казнат. Но, Османи рече дека властите во Скопје нема да дозволат провокации насочени кон македонските граѓани.
„Прво, нема да дозволиме негирање на бугарската заедница, како што нема да дозволиме негирање на македонскиот народ. Затоа, сакам да испратам порака дека и тие провокации мора да престанат и да кажам дека секое пристигнување во Северна Македонија со цел да се навредува и негира македонскиот народ, ќе мора сериозно да го решиме. Тоа ќе биде последното доаѓање во Северна Македонија”, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи на Република Македонија.
Од друга страна, во емисија на телевизијата БНТ, потпретседателката на Бугарија, Јотова, денеска изјави дека луѓето со бугарска свест биле дискриминирани.
„Ќе го известиме комесарот за човекови права во Советот на Европа, бидејќи последните извештаи што дојдоа од таму не се многу добри за земјата. Луѓето со бугарска свест се подложени на тешки судења и дискриминација. Бугарија ќе внимава на однесувањето на македонските власти за продлабочување на говорот на омраза и навремено ќе бидат известени сите европски институции“, нагласи Илија Јотова, потпретседател на Бугарија.
Христијан Пендиков, кој е државјанин на Северна Македонија и се декларира како Бугарин, е префрлен во Софија со авион на бугарската влада. По овој инцидент бугарското МНР испрати протестна нота, а вчера пред зградата на Европската комисија во Софија се одржаа протести за заштита на правата на Бугарите во земјата. Осомничениот за нападот врз Пендиков доби 30 дена притвор./Алсат.мк
Ајнур Бафќари