ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистриран е првиот пациент заболен од „кракен“

Регистриран е првиот пациент заболен од „кракен“

Регитсриран е првиот случај на кракен – новата подваријанта на Омикрон. Институтот за јавно здравје соопшти дека во Гевгелија е откриена најновата варијанта. Пациентот се тестирал на 11 јануари.

„Во еден примерок од вкупно 32 кои беа тестирани, пронајдена е варијантата Кракен. Во 8 примероци откриена е подваријантата БA.2 од типот Омикрон. Во други 23 примероци откриена е подваријантата БА.5“, велат од Институт за јавно здравје.

Првиот човек на Комисијата за заразни болести Петличковски рече дека сите досегашни податоци покажуваат дека оваа варијанта предизвикува благи симптоми и дека нема простор за загриженост. Во моментов епидемиската состојба во земјава е стабилна.

И покрај стабилната состојба, многу граѓани велат дека продолжуваат да носат маски со себе, за секој случај. И покрај тоа што не ги носеа на лицето,резервна маска имаа во џеб или чанта.

Некои од граѓаните продолжуваат да носат маски и додека се надвор.

„Опасноста сè уште постои, а на места каде што има многу луѓе, сега одам на места каде што има многу луѓе и треба да се заштитиме“, рече еден граѓанин.

Во моментов носењето маска е задолжително само во просторите на здравствените установи како и во автобусите./Алсат.мк

Вјолца Алити

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button