ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса, преговарачкиот тим ќе се фомрира следната недела

Алијанса, преговарачкиот тим ќе се фомрира следната недела

Алијанса за Албанците се уште ги нема именувано членовите на преговарачкиот тим за вклучување или не на партијата во Владата. Тимот го чека конституирањето на новото претседателство.

„Сега се очекува конституирање на Централното претседателство и од таму ќе течат работите. За Владата прво ќе се разговара со премиерот како носител на мандатот и одговорен за парламентарното мнозинство“,  велат од Алијанса за Албанците.

Централното собрание на оваа партија го овласти раководството да формира тим кој ќе преговара за влез или не во Владата. Во преговорите може да се вклучат и првиот човек на партијата Арбен Таравари, потпретседателите и секретарите. Иако АА одлучи да преговара, Таравари вчера  изјави дека доколку влезот на неговиот субјект не достигне 80 гласа потребни за отворање на уставот, нема смисла да се проширува Владата.

„Лично мислам дека ако нема број од 80 не вреди да се прошири Владата. Но, велам дека има работи кои можат да помогнат  и со проширување на Владата. Мислам дека пред пратениците ќе ги откријам сите факти и аргументи што ги имам, заедно ќе разговараме, дискутираме и одлучуваме“, изјави Арбен Таравари, претседател на АА.

Во моментов парламентарното мнозинство брои 64 гласа, вклучително и разнишаната поддршка на Огнената група на ДУИ и независните пратеници. Влезот на Алијанса би го проширил мнозинството на 72 гласа, што е  помалку од мнозинството потребно за уставните измени, поточно 80 гласа. Иако сите мнозински партии се изјаснија дека не се разговара за нивната поддршка за уставни измени, Алтернатива и помалите партии од коалицијата со СДСМ се изјаснија против евентуалното влегување на АА во Владата. Влезот на АА што би можел да влијае на договорот  Заев-Гаши но не се знае како ќе се одрази и на поддршката од страна на 8-те пратеници од помалите партии и на двајцата независни пратеници Скендер Реџепи и Кастриот Реџепи./Алсат.мк

Адријан Керими

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button