ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анализа – во училиштата има насилство, но децата не го пријавуваат

Над 91 процент од децата се чувствуваат најбезбедно дома, а помалку безбедно на интернет. Во истражувањето на Меѓаши, во Скопје над 42 отсто од децата сметаат дека има насилство во училиштето каде што учат, но само една четвртина изјавиле дека доживеале такво лошо искуство.

Advertisements

Над 30 отсто од анкетираните деца се почувствувале понижени барем еднаш или двапати, додека над 22 отсто нагласиле дека тоа им се случило повеќе пати.

Директорот на првата детска амбасада во светот, Меѓаши, ги повикува Градот Скопје и советниците да го искористат овој документ како работна задача, да подготват акциски план и да го спроведат.

Во анализата биле опфатени 113 деца на возраст од 10 до 17 години, а проектот се реализирал во периодот мај-ноември минатата година.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button