РЕГИОН

МВР на Бугарија потврди дека ќе го обезбедува Пендиков

Откако бугарските власти најавија дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, ќе добие свое лично обезбедување зашто стравувал за својот живот, тоа вчера било и официјално потврдено на средбата која Пендиков ја одржал со министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев.

Advertisements

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на МВР на Бугарија наведено е дека Демерџиев се обврзал да го обезбедува Пендиков за да му ја гарантира безбедноста.

За време на средбата, Демерџиев нагласил дека ќе продолжи будно да го следи случајот со нападот на Пендиков кој се случи на 19 јануари пред кафе-бар во Охрид.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button