ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дел од вработените во МАНУ од денеска стапуваат во штрајк незадоволни од ниските плати

Дел од вработените во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), поконкретно, вработените во секретаријатот и стручните единици на Академијата, од денеска стапуваат во штрајк поради ниските плати за кои велат дека не им се зголемени во последните 15 години.

Advertisements

Велат дека одлуката да стапат во штрајк, меѓу другото, произлегла и поради незаинтересираноста на претседателството на МАНУ да изнајде решение за зголемување на нивните плати, кои, како што посочуваат, се малку над минималната плата во државата.

Наведуваат дека периодов повеќе пати се обиделе да изнајдат решение за зголемување на платите, но досега не наишле на разбирање од страна на претседателството на МАНУ.

„За жал, претседателството на МАНУ, а исто така и другите академици, не покажаа нималку загриженост за состојбата во која се наоѓаме, вешто избегнувајќи одговорност за преземање конкретни дејства за решавање на нашите основни егзистенцијални потреби“, соопшти Синдикалната организација на МАНУ.

Нагласуваат дека проблемот што го имаат станал особено неиздржлив во последните две години кога, поради економската криза и инфлацијата, вредноста на нивните и онака ниски плати станала уште повеќе девалвирана.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button