ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По смртта на Благојче Илиевски, ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Пендаровски

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска на прес-конференција го повика претседателот Стево Пендаровски да си поднесе оставка поради, како што рече, негрижата на државата и лажните ветувања за болните од цистична фиброза.

Ковачки, покажувајќи фотографија од Пендаровски со Благојче Илиевски, кој вчера ја изгуби битката со болеста чекајќи го лекот „трикафта“, ги обвини претседателот и премиерот Димитар Ковачевски дека ги користеле болните за „сликање и себепромоција“.

„Оваа влада само за оваа година ќе потроши 5,3 милијарди евра и секојдневно се задолжува за да се луксузира со нови возила, скапи гозби по ресторани, а нема ниту желба ниту се способни да набават лек што е достапен во сите држави освен во Македонија и Косово. Уште колку наши сограѓани треба да ги загубат своите животи за Пендаровски и Ковачевски да сфатат дека тие се на позициите на кои се за да му служат на народот? Ова ли се тие европските вредности? Да си ги лажете своите граѓани за личен интерес, притоа тие да умираат, а вам око да не ви трепнува? Оставки и одговорност. Стево Пендаровски, биди доблесен и поднеси оставка веднаш“, порача Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button