МАКЕДОНИЈА

Армијата испрати дополнителен тим за вклучување во хуманитарната операција во Турција

Дополнителен армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили, обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска претпладне од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Турција каде ќе учествува во хуманитарната операција во областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси.

Како што соопшти Министерството за одбрана, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, на испраќањето на дополнителниот тим од Армијата порача најпрофесионално да го вложат севкупниот свој потенцијал и обученост и да помогнат на граѓаните на сојузничка Турција.

-Армискиот тим се упатува по донесената одлука на Владата за испраќање дополнителна помош, а на предлог на Министерството за одбрана. Во меѓувреме армискиот тим, кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во урнатините настанати од катастрофалните земјотреси, соопшти Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button