Студентите разочарани – деца на функционери на ДУИ и на СДСМ напредуваат, а ние?!

Објавувањето на имињата на членовите на семејствата на функционерите на ДУИ и на СДСМ кои ќе бидат идни обвинители и судии, го вклучи алармот кај студентите кои овој чин го нарекуваат срамен и дискриминациски.
„На оваа чудна појава ќе ѝ дојде крајот само кога сите ќе сфатат, како и другите, па и децата на функционерите, дека ова е наша земја и дом, дека сите сме тука и оти не треба да има дискриминација. Ако тоа место е на некој што е подобар од детето на некој функционер, нека повели. Зборови има многу, деца на политички функционери. Тоа е всадено во срцата на луѓето како страв, но изгледа и како горчлива реалност. Ова е веќе банално, а побанално е за тие кои се на списокот и треба да се срамат…“
„Воопшто не е добро, но не е нешто што се случува само кај нас, туку во целиот свет. Мораме да го прифатиме овој факт, но ако можеме да го елиминираме ќе биде многу добро, но што да правиме. Ни треба мала револуција…“
„Надежите ни се изгубени, но што и да правиме мораме секогаш да имаме идеал и цел, бидејќи со работа сè се постигнува. Сега, дури и со глобализацијата можеме побрзо да дојдеме до работа, а ако сме паметни, можеме да стигнеме до тоа дури и без поддршка од функционери“, реагираат студентите.
Универзитетскиот професор Башким Селмани вели дека проблемот не е само во вработувањето на членови на семејствата на клучни функции, туку во ширењето на непотизмот.
„Непотизмот е длабок колку и државата РСМ. Ако ги погледнеме сите институции, ќе ги поделиме на неколку фази – членовите на семејствата на Груевски, на Црвенковски, на сите лидери, но ова не е единствениот проблем, туку оваа категорија продолжува под институции, имаме институции на тие членови на семејства, а потоа и другите подинституции, училишта, директорски места итн. Целиот проблем овде лежи во немањето закон со кој би се забранило вработување на нивни роднини во овие институции, но во овој случај тие ја користат оваа дупка, а единствен услов и критериум е да ги исполнуваат условите и немаат ограничувања и има неправедност во одредена конкуренција“, вели проф. Селмани.
Од 58-те кандидати, на листата на Академијата за судии и јавни обвинители се најдоа синот на Претседателот на Собранието, Барлет Џафери, внукот на поранешниот член на ДИК од редовите на ДУИ, а потоа и судија во Управниот суд, Субхи Јакупи, Илир Јакупи. Пајтим Машкули, син на советникот на ДУИ и поранешен претседател на Советот на општина Дебар, Башким Машкули. Сопругата на шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал, Ислам Абази, Албулена Абази. Сопругата на синот на генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, Билјана Иванова, сопругата на првиот човек на Аеродром од ВМРО, Тимчо Муцунски. За жал, оваа појава се случува токму во време кога доаѓаат негативни извештаи на Европската комисија за состојбите во судството.
Башким Сулејмани