
Европа останува регион со највисока еднаквост во светот, но корона кризата може да ги зголеми разликите во приходите, предупредуваат француските економисти, повикувајќи на запирање на намалувањето на даноците на претпријатијата.
Предупредувањето е издадено во време кога ЕУ расправа за усвојување на план за обновување вреден 750 милијарди евра, што е клучно за ублажување на драматичните економски последици од коронската криза.
Заклучоците од најновата анализа, основана на Париската школа за економија, кој ја проучува нееднаквоста во светот, не се неповолни за Европа, посочувајќи дека нееднаквоста во Европа и покрај сѐ останува најниска во светот.
Во 2019 година, приходите на 10 проценти од најбогатите во Европа сочинувале 35 проценти од вкупните приходи, а 10 проценти од најбогатите на Блискиот исток каде нееднаквоста е најголема, 56 проценти од вкупните приходи.
Во Европа, „зголемување на нееднаквоста е забележано уште од 80-тите години на минатиот век, но тоа е многу помалку изразено отколку во Соединетите држави“, вели Лукас Шансел, научник од Париската економска школа.
Ова се објаснува со политиките за редистрибуција на приходите, но и со одлуката за финансирање на инфраструктурата и квалитетните јавни услуги, бесплатни или ефтини, како и регулирање на пазарот на трудот.