ВЕСТИСВЕТ

УНИЦЕФ ќе достави две милијарди вакцини во 92 земји

УНИЦЕФ објави дека работи со 350 партнери, вклучувајќи ги водечките светски авиокомпании, бродски компании, логистички здруженија од целиот свет, со цел да се испорача две милијарди вакцини против коронавирусот во 92 земји што е можно поскоро, објави агенцијата Хсинхуа.

„Додека работиме на завршување на вакцината против коронавирусот, УНИЦЕФ се здружува со авиокомпании, бродски компании, сите што можат да ни помогнат да ги испорачаме вакцините“, рече Етлева Кадили, директор на одделот за испорака на производи во УНИЦЕФ.

Набавката, испораката и дистрибуцијата на вакцини за коронавирус ќе биде најголемата и најбрзата операција што ја има извршено УНИЦЕФ досега.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button