ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Безмалку 300 војници ќе ѝ помагаат на полицијата во обезбедување на здравствените објекти

295 припадници на армијата се планира да ја поддржуваат полицијата во ковид кризата во земјава, рече на денешната прес конференција в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Како што кажа тој, вкупниот број нема веднаш да се најдат распоредени низ државата, туку, бројката  е еластична и ќе зависи од потребите на теренот.

„Владата има седница денеска во 12 часот, каде треба да се усвои предлогот и потоа ќе биде даден кај врховниот командант, претседателот на државата, Стево Пендаровски“, рече Ангелов.

Тој повтори дека армиските припадници нема да бидат наоружани, а ќе се појават само таму каде што ќе има неопходност да ѝ помогнат на полицијата. За обезбедување на здравствените објекти ќе се ангажираат 150 припадници на полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button