ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од денеска до крајот на месецов упис на првачиња

Од денеска во основните училишта почнува уписот на ученици во прво одделение. Уписите ќе траат до 31 мај. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.

По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. На барање на родителот и доколку има соглсност од училиштето, како и слободни места, детето може да се запише и во училиште што не е во неговиот реон на живеење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button