ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Околу 300 војници и 150 полицајци ќе бидат во служба на Кризниот штаб

Околу 300 војници и 150 полицајци ќе бидат во служба на Кризниот штаб. Тие ќе обезбедуваат здравствени установи, поточно клиники и Ковид центри. Овој број на полициски и воени сили ќе варира во зависност од потребите, а најмногу ќе се обезбедуваат здравствени објекти каде што има најголема фреквенција на луѓе.

Акцискиот план вклучува и превоз на војници од касарните до стратешките точки. Елитните полициски единици нема да бидат ставени во функција на кризната состојба.

Паралелно со обезбедувањето на објекти од особено значење, ќе се спроведе и кампања за подигнување на свеста на граѓаните за мерките што треба да се почитуваат. По одобрувањето на акциониот план во Владата, сега претседателот Стево Пендаровски треба да донесе одлука за ангажманот на припадниците на Армијата. Кризната состојба ќе трае најмалку до 19 декември.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button