ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Во Парламентот почна комисиската расправа за Буџетот за 2021 година

Започна комисиската расправа по предлог буџетот за следната година на комисијата за финансирање и буџет. Министерот за финансии Фатмир Бесими го образложи буџетот пред пратениците како развоен, со јасни приоритети – здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии.

„Главната цел е на среден рок да го забрзаме економскиот раст од два до 2,5 отсто на бруто-домашниот производ, на 4-6 отсто просечен годишен раст во периодот што следи, а истовремено постигнувајќи фискална консолидација да се обезбеди одржлив и сеопфатен раст.“

Но, според опозицијата, предлог буџетот е нереален и неразвоен. Во него, велат, нема конкретни капитални и странски инвестиции, туку само партиски планови.
„За жал и пред да започне годината морам да констатирам дека ова е првата економска лага за 2021 година. Велите буџет за економска стабилност и забрзан раст, што едното со другото се спотиставени. Стабилноста и растот не се исти, растот во суштина значи нестабилност.“

„Економијата на Северна македонија ќе биде финансиски оптоварена со јавен долг за којшто предлагам дека треба да се направи план за социјалните трансфери и капиталните трошоци, со што на капиталните тошоци треба да имаат приоритет за да имаме поразвиена економија.“

Опозициските пратенци доставија 528 амандмани, од кои 390 се поднесени од ВМРО- ДПМНЕ, додека останатите од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Комисиската расправа, според Деловникот, треба да трае десет денови по што предлог-буџетот оди на пленарна седница. Државата планира да потроши околу 4 милијарди евра, но да собере дури 800 милиони помалку. Разликата ќе се покрива со нови задолжувања и со распродажба на државни претпријатија.

Andrea Cobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button