ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жители на Селце: 22 години тонеме во непотизам

Од бастионот на ДУИ во Тетовските шарпланински села, во Селце, на средба со жителите, Муса Џафери остро се спротивстави на одлуката за разрешување на функционерите кои ја поддржуваат „огнената група“. Џафери рече дека тие што треба да бидат разрешени се функционерите на чело со Артан Груби кои реализирале само два отсто од дадените ветувања а не оние кои бараат одговорност и работа од министрите.

Advertisements

„За жал, ова не е вистинскиот начин за решавање на внатрешните проблеми. За жал, оние кои учествуваат во овие политички активности се казнети и сменети од нивните позиции. Нормално би било да се бара одговорност за неработењето и неефикасноста на секој функционер и да се бара нивна смена, но тоа се прави со своевиден указ“, рече Муса Џафери, ДУИ,

Џафери зборуваше и за евентуалната можност огнената група да биде исклучена од партијата.

„Сакам да се надевам дека ДУИ нема да дегенерира до таква состојба и да исклучува само поради изразување на слободно мислење за отчетност и транспарентност, но ако дојде до тоа во тој момент ќе судиме и ќе преземеме соодветни активности и нема да седиме со скрстени раце, но пак велам, не би сакал ДУИ да дегенерира до таква состојба“, додава Џафери.

И покрај тоа што е познат како бастион на ДУИ, жителите сепак упатија низа критики за недостигот на инвестиции во нивните села, но и за начинот на владеење на интегративците.

„Јас сум Бастри Дењали. Ќерка ми после пет години во Тетовскиот Универзитет ја избркаа. Срамота, со просек 9,4. Не знам, но зависи од вашата партија за која гласам 20 години и сум револтиран“…

„Ова село е три проценти од населението, ова село тоне во непотизам, необразование. Имаме многу професори овде, но тие не можат да предаваат. Затоа што се вработуваат за предавања само со телефони, со пари“…

„Нашето село 22 години ве чека како патриоти и политичари кои се борат и работат за нашите заеднички права и развој, но оваа цел до денес не е реализиранвеќе 22 години“, реагираат жителите.

Несогласувањата во ДУИ се засилија со назначувањето на Бујар Османи за политички координатор во огранокот на Чаир. Огнената група ја оцени одлуката на Ахмети како недемократска и избрзана.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button