ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши: Повеќето компании користат максимални маржи, се размислува за замрзнување на цените и на други производи

Согласно сите анализи од секторот за трговија и од Стопанските комори, се утврдува дека повеќето од компаниите ја користат максималната маржа и се здружени со цел да не ги намалат нивните профити, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Како што додаде тој, по одлуката за намалување и замрзнување на цените на тестенините и на млечните производи, би можело да следи слична мерка и за други основни хранителни производи.

Advertisements

„Шеќерот, јајцата од кокошка и македонски ориз, за кои, ако не ги намалат цените, веројатно и таму ќе се донесат вакви одлуки“, рече Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button