ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Се замрзнуваат и се намалуваат цените на тестенините и млечните производи, премиерот кажа колкаво ќе биде поевтинувањето

Се замрзнува, односно намалува цената на тестенините за 15% во однос на  цената којашто била во продавниците на 1 март 2023 година, односно, во просек, за околу 8 до 9 денари, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Како што додаде тој, се укинуваат царинските давачки и за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година, до 31 мај 2023 година.

Ковачевски информираше дека за 10% се замрзнуваат и се намалуваат цените на одредени млечни производи.

„Трајно кравјо млеко, со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал, со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, кисело млеко, павлака и јогурт без додатоци. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цени кои се применувале на 1 март 2023 година во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 10%. Оваа одлука ќе се применува од 17 март 2023 година, до 31 мај 2023 година“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button