АА: „Рамиз Мерко да биде отстранет од функцијата“

По завчерашната полициска акција во Струга и струшко во која беа уапсени 23 лица за трговија со оружје и дрога, реагираа од струшкиот огранок на Алијанса за Албанците. Оттаму велат дека подолго време алармирале дека во Струга не функционираат законите и оти пропаднале ветувањата на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко од кампањата за локалните избори кога тврдел дека ќе донесе мир и безбедност за граѓаните.
Според Алијанса, последното откривање и апсење на толку многу осомничени криминалци покажува дека се потврдуваат наводите на Американскиот Стејт Департмент, за влијанието на Мерко во судските постапки. Поради овие причини, Алијанса бара градоначалникот да биде отстранет од функцијата, а органите на државата да почнат да функционираат според законот.