МАКЕДОНИЈА

Се нормализира состојбата на патиштата

Укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка-Деве Баир, соопшти Центарот за управување со кризи. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури можна е појава на поситни одрони. Од Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта апелираат до возачите на внимателно возење. Во однос на времето утре, ќе биде сончево и многу студено, особено наутро кога температурата во најголем дел од земјава ќе се спушти под -5, а на места и под -10 степени. Во вторник и во среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Кон крајот на неделата дневната температура ќе порасне.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button