ВЕСТИЗДРАВСТВО

Заболените од цистична фиброза пешачеа на Водно барајќи поголеми права

Здружението на заболени од цистична фиброза не престанува да бара државата да обезбеди терапија за сите засегнати од оваа дијагноза, а не само за дел од нив, како досега. На европскиот ден за подигање на свеста за оваа болест, пациентите пешачеа до планината Водно за да ги потсетат надлежните дека бараат еднакви права со другите пациенти во Европа и светот.

Инаку, зимскиот период и загадениот воздух уште повеќе им го влошуваат здравјето на оние кои страдаат од оваа болест.

Министерството за здравство пред неколку дена соопшти дека Владата одобрила 854 милиони денари за терапија со лекот Трикафта во следните две години. Здружението за цистична фиброза долго време се бори да обезбеди терапија за сите 140 заболени од оваа болест кај нас.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button