ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Струга ги губи туристите и дијаспората

Струга ги губи не само странските гости, туку и печалбарите, кои како што велат хотелиерите, поголем дел од својот одмор го поминуваат или во Охрид или во Алабнија.

„Сите странци кои доаѓаат кај нас, па и од домашните, кои шетаат насекаде гледаат дека Струга не се развива во туризмот. Доаѓаат остануваат неколку денови и ни бегаат во Албанија. Во последно време, особено оваа година 25% од дијаспората одморите ги минале во Албанија“, вели Гајур Каба-сопственик на хотел.

Каба веели дека локалниве власти изминатите години имале доволно време да го поправат имиџот на градот и да привлечат што е можно повеќе гости.

„Во врска со туризмот Општината не инвестирала ништо. Зборувам за Струга. Сите туристи ни бегаат во Охрид. Зошто? Кај нас нема инвестиции, имаме многу малку плажи, сите се претворени во приватни паркинзи заради нечиј интерес. Поради ова нема инвестиции во Струга. Туризмот во Струга не се спомнува. Туризмот што ние го одржуваме со нашите објекти, сами го одржуваме, сами ги носиме тур-оператерите. Инаку, од Општина Струга, никогаш не сме добиле помош за развој на туризмот, ништо не е направено“, додава Каба.

Потребно е велат поголема промоција на Струга на познати саеми низ Европа, нов пропаганден материјал, како и редовни средби меѓу туристичкиот сектор и локалните власти.

„Не постои пропаганден материјал одамна или ние агенциите како промотори не сме добиле таков материјал.Малку се посветува внимание на тоа.Треба да се подготвиш за гостинот кога ќе дојде.Почнувајки од инфраструктурата, сместувачките капацитети, она што може вонпансионски да се понуди да биде унифицирано како цена како квалитет“, рече Елизабета Попоска,допственичка на туристичка агенција.

Во Струга нема ниту туристичко биро, па многу често туристите лутаат и незнаат каде и што да посетат. Овде е и проблемот со кучињата скитници, бројните диви депонии во градот и окоолината, како и проблемите кои се јавуваат со водата за пиење. Од општината не одговорија на прашањата на Алсат, како планираат да го развиваат туризмот, но и на критиките од туристичките работници дека воопшто не се инвестира во нови туристички содржини.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button