ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и студено со мала облачност

Сончево и студено најавуваат за денеска синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните делови од земјата ќе има мала до умерена облачност. Кон крајот на денот  од УХМР најавуваат дека облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус 14 до минус 7 степени, а во текот на денот од минус 1 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево и многу студено со мала облачност. Наутро темпертурата ќе биде минус 7 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button