ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Абази: Салафиската заедница со антирелигиозни цели, потекнуваат од странските служби

Во меѓувреме, имамот Максут Абази оцени дека салафиската заедница е целосно антирелигиозен и антинационален проект, кој потекнува од странски служби. Абази вели дека верниците не треба да бидат жртви на провокации.

„Ова е како еден човек среде море, кого го одвеле брановите. Некогаш ја вади главата, а понекогаш тоне. Овие потекнуваат од многу порано. Овие не се ништо друго, освен што ги заштитуваат интересите на странските служби. Го повикувам населението да остане смирено и да не стане жртва на овие провокации. Целиот нивен гнев е да ги дискредитираат чистите национални и религиозни фигури преку манипулација на народните маси. Значи, ова е антирелигиозен и антинационален проект што произлегува од странски служби“, изјави Максут Абази, имам.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button