СПОРТФУДБАЛ

Адеми се врати во Динамо: Управата ми покажа колку сум важен за овој клуб

Аријан Адеми повторно е во познат клуб, затоа што го напушти кинескиот фудбал и пак го облече дресот на најтрофејниот хрватски клуб Динамо Загреб. Човекот кој беше капитен и лидер на Динамо Загреб по само неколку месеци си замина од Кина каде доби добра плата, но не и добар фудбал. Реши пак да му се стави на располагање на Динамо, иако за него имаше понуда и од турски Трабзонспор.

Advertisements

„Враќањето во Динамо од моја перспектива никогаш не беше под знак прашалник, ама не верував да се случи така брзо. Цело време од Кина ги пратев натпреварите и секоја вест за мојот омилен клуб. Управата ми покажа колку сум важен за овој клуб. Ветувам дека ќе дадам се од себе како што тоа го правев претходно“, изјави Адеми, кој е најтрофеен играч во историјата на Динамо Загреб.

Овој клуб е домот на Адеми. За загрепчани низ кариерата Адеми запиша преку сто европски настапи, од вкупно 359 официјални за Динамо. Во редовите на хрватскиот гигант тој се врати по само 19 натпревари во дресот на Пекинг Гуан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button