СПОРТФУДБАЛ

Италија со Имобиле, Политано и Закањи во нападот

Италија е актуелен европски првак, има „нерасчистени“ односи со Македонија, па вечерва (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ ќе истрча со намера да победи и да се „реваншира“ за болниот пораз во Палермо, иако е ова едно сосема ново натпреварување, квалификации за ЕВРО 2024.

Новиот селектор Лучијано Спалети ќе ја промени формацијата, Италија ќе игра во поставеност 4-3-3, а познат и составот.

Има тука фантастични фудбалери, но, се чини дека Италија во минатото имала и многу поквалитетна селекција. Ова е една реновирана селекција на „аѕурите“ која допрва треба да се докаже, а првиот тест ќе го има против Македонија во Скопје.

На голот на Италија е Џанлуиџи Донарума, а во последната четворка ќе играат Ди Лоренцо, Мансини, Бастони и Димарко.

Средниот ред ќе го сочинуваат Барела, Кристанте и Тонали, а во навалното трио Спалети ги планира Политано, Имобиле и Закањи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button