ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Административци пријавиле дека ги тераат да одат на партиски митинзи

Административци пријавиле дека ги тераат да одат на партиски митинзи

Од синдикатите алармираат дека веќе почнале да добиваат поплаки од вработени во администрацијата дека трпат политички притисоци. Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија вели дека добиле пријави дека се вршат притисоци да се доаѓа на партиски собири.
Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации

Претседателот на Синдикатот на управата, УПОЗ, Трпе Деаноски, вели дека терањето некој да доаѓа на партиски собири претставува злоупотреба.

Претседателите на двата синдиката ги повикуваат партиите да ги остават вработените на мир и сами да одлучуваат за нивното право на глас и за евентуалното учество на некои партиски собири./Алсат.мк

Суад  Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button