ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Домашно здравство: „Ми рекоа – дојди во понеделник, петок… веќе не знам кој датум е“

Домашно здравство: „Ми рекоа - дојди во понеделник, петок... веќе не знам кој датум е“

Граѓаните се делумно задоволни од здравствените услуги во земјава. Некои велат дека добиваат добра услуга, додека други се жалат на долго чекање, лоша услуга и лошо однесување на шалтерите.

„Болничките услови се катастрофа, како пред три века, неспособен, некомуникативен персонал со пациентите“, рече еден граѓанин.

„Не одам толку многу. Ми се допаѓа, добро е, задоволен сум”, рече друг граѓанин.

Дел од граѓаните го правдаат медицинскиот персонал, истакнувајќи дека се соочуваат со многу недостатоци и не се добро платени.

„Сега, тие добрите доктори или се во пензија или си заминале во странство. Овие новите генерации, сестрите, лекарите заминаа. Одат затоа што имаат подобри услови, не се добро платени овде, мислам, не се криви, треба да ги плаќаат повеќе. Оваа нивна работа треба да се плати бидејќи тие го лекуваат народот“, додаде друг граѓанин.

„Катастрофа, од сабајле два часа чекаме за крв. Системот не работеше, нема интернет, што да ви кажам. Бевме на ехо, немаше струја, што да ви кажам, катастрофа. Сега дадов крв, чекам два и пол часа за резултати“, изјави друг граѓанин.

„Колку да имате среќа. Ако го чекате терминот ОК, докторите се во ред, не можам да кажам ни збор. Јас сум онколошки пациент, засега немам никакви радикални проблеми, сè е во ред, еве во 10 имав проблем, види колку е часот. Треба да се чека“, нагласи еден граѓанин.

„Дојдов по резултати, ми рекоа за пет работни дена. Па, уште 5, не сега. Дојди во понеделник, не во понеделник, сега петок. Веќе е 15-ти, 20-ти, не знам кој датум е, едвај ги добив, сега одам, видете како сум“, рече еден граѓанин.

„Фала му на Бога, добро е. Крварев, ме излекуваа, добро ме пречекаа, нема проблем“, изјави еден граѓанин.

Седуми април е светскиот ден на здравјето. Од Здружението на лекари предупредија за заминувањето на стручниот кадар од Македонија, односно посочија дека на годишно ниво од земјава заминуваат по околу 250 лекари./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button