ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња

Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња

Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35 и 7 години доцна синоќа биле заглавени на исклучително стрмен терен, пред манастирот Мала Богородица по клисурата на реката Пчиња под автопатот Скопје Велес.

Спасители со чамец по Пчиња од Катланово стигнале до опасната локација каде што биле залутаните лица и безбедно ги извлекле од десниот на левиот брег, а потоа и до автопатот. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button