КОШАРКАСПОРТ

МЗТ Скопје ја освои петтата последовна титула

МЗТ Скопје ја освои петтата последовна титула, 11. титула во клупската историја. Финалната серија против Пелистер, МЗТ ја доби со 3:0. По двете победи на домашен терен, МЗТ победи во Битола со 78:67.

Пелистер се обиде да ја продолжи серијата, да се избори и за четврти натпревар, но кошаракарите на Радуловиќ имаа сила да му се спротивстават на шампионот само 24 минути. По релативното израмнето прво полувреме, Пелистер во 23. минута ја стекна највисоката предност 50:43 и тука застана. МЗТ одговри со серија 11:0, минусот го претвори во плус од четири поени.

Во последната четвртина МЗТ му дозволи на Пелостер само два поени во првите шест минути игра, а кога Баковиќ со две тројки ја крена разликата на 16 поени беше јасно дека МЗТ ќе ја одбрани титулата.

Најефикасни во тимот на МЗТ беа Баковиќ и Гилон со по 15 поени, 11 кошеви постигнаа Делалиќ и Петков. Пелистер го предводеа Мијовиќ и Костоски со по 19 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button