ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Атина не исклучува можност за постапка пред Меѓународен суд поради Преспанскиот договор

Атина не исклучува можност за постапка пред Меѓународен суд поради Преспанскиот договор

За односите со Северна Македонија ние сме подготвени за сите сценарија, истакна утринава шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис. Прашан за евентуална средба со властите во земјава, грчкиот министер одговори дека тука сè уште функционира техничката Влада, а штом се формира новата Влада во текот на јуни, Атина ќе ги преземе неопходните чекори, без да презицира кои. Грција останува на ставот дека Преспанскиот договор мора да се почитува и тој не може да се менува.

„Дури и да постои волја од Северна Македонија или Грција за еднострано да го изменат Договорот, тоа не може да се направи. Второ, Договорот од Преспа беше под покровителство на ОН, присуствуваше претставник на Организацијата на Обединетите нации и ова му дава поголема меѓународна сила. Трето, постои процес предвиден во Договорот од Преспа, кој претставува процедура при прекршување. Не е предвидена можност за еднострано поништување“, рече Јоргос Герапетритис – министер за надворешни работи на Грција.

Појаснувајќи дека Договорот од Преспа не може еднострано да се измени или поништи, Герапетритис истакна дека при негово прекршување Грција може да се обрати и пред меѓународните судови.

„За решавањето на евентуалните спорови предвидено е покренување процес „со испраќање допис до страната што го прекршила Договорот, а можна е, но не и неопходна употреба на услугите на генералниот секретар на ОН и на крај одлука на Меѓународниот суд“, додаде тој.

Грција инсистира на, како што велат властите во Атина, доследно спроведување на Преспанскиот договор, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека во јавните настапи нема да го користи уставното име. Таа вели дека и со ваквиот потег Договорот од Преспа се почитува./Алсат.мк

Лука Андрев

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button