СПОРТФУДБАЛ

Хрватска без Лука Модриќ против Македонија на 3 јуни

Македонската фудбалска репрезентација, на 3 јуни ќе одигра контролен меч со селекцијата на Хрватска, во чии редови ќе недостига најдобриот фудбалер на „коцкестите“, Лука Модриќ.

Големиот ас два дена претходно ќе го игра големото финале на ЛШ со Реал Мадрид, по кое ќе добие неколку слободни денови од стручниот штаб пред да се приклучи на националниот тим во финалната фаза од подготовките за ЕВРО 2024.

„Од почетокот на подготовките би требало да имаме 12 фудбалери. Оние кои играат викендов ќе добијат неколку слободни дена и ќе ни се приклучат пред мечот со Македонија. Најдоцна ќе дојдат Модриќ, Брозовиќ и Пашалиќ, кои ќе дојдат на тренинзи по мечот со Македонија. Против Македонците нема да сме комплетни и шанса ќе добијат оние фудбалери кои ќе бидат со нас од почетокот. По тој меч ќе имаме два-три тренинзи во кои ќе бидеме комплетни, нормално е што тој контролен го сметаме за поважен од оној првиот“, изјави Далиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button